![]() |
![]() ![]() |
![]() |
|
|
Интернационален
Кураториум Schweiz
Dr. Matthias Ingold
Österreich
Mag. Lotte Ertl
Italien
Claudio Panozzo
Spanien
Martin Mujica
Frankreich
Nicole Chasseloup
Luxemburg
Claude Koob
Ungarn
Erika Vign
Tschechien
Renata Novaková
Slowenien
Stanko Valpatic
Chile
Juana Soto Cabrera
Kolumbien
Rosa Osorio Diaz
Peru
Teresa Acosta
Kanada
Gabriella Szabo
USA
Kathy Duchesne
Nigeria
Emmanuel Olu
Ghana
Sylvanus Ahlijah
Kenia
Harun Ojwang
Zimbabwe
Philip Bunhu
Senegal
Jean Sadio Sabyti
Benin
Annette Abiassi
Burkina Faso
Jean Innocent Farma
Rep. dem. Kongo
Aubin Minaku
|
||||||
Писмо до ловцитеДекември 2002 год. Драга чето ловци, ние, долупотпишаните, претпоставуваме дека сте христијани и дека верувате во Исус, Христос. Исус ги сакаше не саму луѓето, Тој ги сакаше и животните. Ние Го следиме Исус, Христос. Исус, Христос, на луѓето им заповеда да ги љубат не само луѓето, и не само луѓето кои им се истомисленици, туку и животните. Ние не правиме никаква разлика меѓу конфесионалните христијани и слободните христијани. Се трудиме на сите луѓе да им пожелуваме сè најдобро, да се љубат меѓусебе. Но, ние ги сакаме и животните, и во врска со тоа го следиме и учењето од Исус, кое нè води на патот кон единството со сите живи суштества, и најпосле кон вечниот живот. Зборови од Исус, Христос: Неколку Негови ученици Му пријдоа, говорејќи Му за еден Египќанец, некој син Белијалов, кој ги учел луѓето дека мачењето животни не е против законот доколку нивното страдање му донесува корист на човекот. Исус им одговори: „Навистина, ви велам, кој извлекува корист од неправдата што му се нанесува на некое создание Божјо, тој не може да биде чесен. Исто така, малку можат со свети работи да се занимаваат или за тајните на Небото да поучуваат оние чии раце се извалкани со крв или чија уста е онечистена со месо… Бог ги даде семињата и плодовите на Земјата за храна; и за чесниот човек не постои ниту една друга правилна и законита храна за телото. Разбојникот кој ќе провали во некоја куќа која ја изградиле луѓе, е виновен; но, дури и најмалите од оние кои ќе провалат во некоја куќа која ја изградил Бог, се најголеми грешници. Затоа, им велам на сите кои сакаат да станат Мои ученици: подалеку рацете од пролевање крв, и не допуштајте никакво месо да мине низ вашите усни; зашто Бог е праведен и добар, и им заповеда на луѓето да живеат единствено од плодовите и сеидбата на Земјата. И што и да им направите на најмалите од Моите деца, тоа ми го правите Мене. Бидејќи Јас сум во нив, и тие се во Мене. Да, Јас Сум во сите созданија и сите созданија се во Мене. За сите нивни радости се радувам и Јас, и за сета нивна болка страдам и Јас. Затоа ви велам: Бидете добри едни спрема други и спрема сите созданија Божји.“ Ние сме против ловење и колење животни. Бог им даде здивот и на луѓето и на животните. Ниту еден човек нема право да му го одземе тој здив на некој човек, или на некое животно. Може ли некој ловец да му даде здив на некое животно? Не! Значи, тој нема право да му го одземе здивот. Секој ловец би требало да се праша – што треба ние луѓето да направиме за да им го вратиме на животните животниот простор кој им го украдовме? Но, ловците, прашуваат: Колку животни мораме да застреламе – тие тоа го нарекуваат „заштита“ – за да не се намножеле премногу на тој тесен животен простор што, ние луѓето, им го оставивме? Кој, заради оправдување на вакви дела, се повикува на тоа дека Бог им заповедал на луѓето „потчинете си ја Земјата“, тој не ја познава својата сопствена Библија. Бидејќи, во истото поглавје, во кое Бог наводно го рекол тоа, јасно се кажува дека растенијата и плодовите им се дадени на луѓето за храна. Нема ниту збор за тоа дека треба да се убиваат, или јадат, животни. Такви аргументи доаѓаат од институциите Цркви, кои им го одземаат здивот на сите кои не се со католичка или лутеранска вера, и тоа сакаат да го прават и денес уште. Тука спаѓаат и животните, зашто од нив Бог не направил ниту католици ниту лутеранци. Ако Вие, драга чето ловци, сте христијани, тогаш ќе нè разберете. Ако сте, пак, чисти католици или лутеранци, тогаш ние Вас ќе ве разбереме. Најголемото место каде што се раѓа злото се институциите Цркви. Тие го родиле злото, омразата, крстоносните походи, војните, непријателството, убивањето луѓе и животни. Лутеранската Црква ù се приклучи на католичката. Оние кои биле блиски до институцијата Црква, го правеле она што таа им го наложувала – да убиваат и колат, најпосле, и животни. Кој не беше католик, него или насила го прекрстиле, или го убиле. Карстен Стрелов (Carsten Strehlow) за тоа рече: „Денешното црковно христијанство, особено католичкото, нема скоро ништо заедничко со првобитното христијанство, со следбениците на Назареецот, па оттаму ниту со вистинското учење од Исус, туку тоа е во прв ред едно самостојно „скрпено“ учење, кое скоро исклучиво се темели на примена и одржување на моќ.„Благодарение“ само на инквизицијата, спалувањето вештерки, крстоносните походи, омразата кон евреите и кон жените, како и соработката со нацистите во таканаречениот Трет рајх, историјата на католичката Црква е крваво црвена. Сите мориња би можеле да се наполнат со нејзината крв. Најголемите црковни празници – Божиќ и Велигден – се и најголеми празници за колење во годината!“ Уживањето во убивањето е пренесено врз ловот, којшто го практикувале кардиналите и бискупите и световните феудални господари. Во шумите тие убивале сè што ќе им излезело пред ловечката пушка. Создателот од животните не создал ниту католици ниту лутеранци, и тоа не го направил ниту до ден денешен. Затоа и денес тие прогонуваат, дискриминираат, ловат, подбуцнуваат и убиваат сè што не е католичко или лутеранско. Со учењето од Исус тоа нема ништо заедничко. Да повториме: Имајќи ја предвид кражбата на земјата, животниот простор на животните, подобро би било да се праша: што ние можеме да направиме за во светот да им го вратиме животниот простор на животните, место да ги убиваме и да им го одземаме здивот. Луѓето со чиста совест, како на пример, Ј.В. Гете, рекле: „Религиозната стравопочит спрема она што е подолу од нас, секако, го опфаќа и светот на животните, и им налага на луѓето да ги почитуваат и да ги чуваат тие суштества.“, и „Ловот е секогаш една форма на војна“. А Лав Толстој рекол: „Од убиство на животно до убиство на човек има само еден чекор“. Францускиот писател и филозоф Франсоа Волтер констатирал: „Ловот е едно од најсигурните средства за убивање на чувствата на луѓето за нивните сосозданија“. А познатиот филозоф и математичар Питагора знаел уште пред 2600 години: „Сè што им прави човекот на животните, му се враќа на човекот“. Теодор Хојс, првиот претседател на Сојузна Република Германија, го кажа следново: “Колку поскоро нашата младина ќе научи дека на секоја грубост спрема животните се гледа како на нешто што е за осуда, и колку повеќе ќе внимава на тоа дека игрите и однесувањето спрема животните да не стане мачење на животни, толку појасна ќе стане и нејзината способност за разликување меѓу праведно и неправедно во светот на возрасните“. За јадењето месо, писателот Фолкер Елис Пилгрим го рекол следново: „Месото кое го јадеме е труп стар најмалку два до пет дена.“ А композиторот Рихард Вагнер: „Иако нашата глетка на бик жртвуван на боговите нè исполнува со ужас, сепак ние и натаму во чистите измиени кланици секојдневно го тргаме тоа крвопролевање од погледите на сите; тие си допуштаат себеси во текот на ручекот да уживаат во трупови од убиени домашни животни, подготвени така што да не можат да се препознаат. Отсега би требало да ни стане важно само тоа, за инает на религијата, и на застапувачите на догмите за корисноста од тоа, да овозможиме кај нас да стекнеме силна и моќна основа за едно ново воспитување. Што да очекуваме од религиите, ако ние не сочувствуваме со животните?“ Писателот од периодот на романтизмот, Јозеф фон Герес, рекол: „Кој сака да го надрасне обичниот живот, ќе се поштеди себеси од крвава храна и нема да ја избира смртта за свој чувар на шпајзот.“ А авторката Мари-Луиз-Холцер-Шпенгер опоменувала: „Месото е дел од животната сила додека е живо.“ А актерот О.В. Фишер рекол: „Зошто не јадам браќа – едноставно заради свеста за семејство; тоа е сè. Некаде срамот мора да почне! А срамот не е само во бесрамното држење на животни за колење, имено кај селаните, не е само во кланиците кај касапите, тој почнува и кај ловците.“ Можеби понекој ќе размисли за овие искази. Можеби сите ќе ги симнат рамениците и ќе речат – па тоа е така, времето се промени. О да, луѓето станаа побрутални, посебно оние кои се изјаснуваат за Црквата на злото. Но, Бог не се промени. Тој не стана ниту католик, ниту лутеранец, а исто така ниту Неговиот свет на животните. А Исус не беше ловец на животни, туку „ловец“ на луѓе. А за да дојдеме до заклучок, следна работа за размислување: Смееме ли, соодветно на Вашата човечност, да Ви го посакаме она што Вие им го посакувате на животните, кои се Божји созданија? Смееме ли, соодветно на нивната човечност, на земјоделците, касапите, научниците кои спроведуваат експерименти над животни да им го посакаме она што тие им го наменуваат и им го прават на животните? Да се надеваме, а и сакаме, меката перница за сите да биде нивната чиста совест. Во оваа свест, во вистинска христијанска поврзаност…. Проглас од пријателите на животните на тема: Заштита на животни и лов: Поддржете нè преку Ваш потпис!
|
||||||||
|
|
||||||
|
|||||||
| © 2011 Интернационална Габриеле-фондација за сите култури во светот управувана од G.S. Stiftung Verwaltungs-GmbH E-Mail: info@gabriele-stiftung.de • Impressum, заштита на податоци Max-Braun-Str. 2, 97828 Marktheidenfeld, Германија Tel. +49 (0) 9391-504-427, Fax +49 (0) 9391-504-430 |
|||||||