Internationale Gabriele-Stiftung für alle Kulturen weltweit - Das Saamlinische Werk der Nächstenliebe für Mensch, Natur und Tiere

Заштитете ја Земјата на мирот меѓу човек, природа и животни!



Акции за потпишување Петиции

Станете и Вие кум!



Помогнете и Вие! Преку кумство за животните чија слобода е откупена од кланиците.

Преземање кумство

»И 1 евро
веќе помага!«



Можности за собирање донации со дебитна, кредитна картичка или Paypal Донации

Бесплатни инфо - материјали



Сакате повеќе информации во врска со Интернационалната Габриеле-фондација? Тука можете да добиете повеќе информации.

Нарачка

Интернационален
Кураториум
Schweiz
Dr. Matthias Ingold
Österreich
Mag. Lotte Ertl
Italien
Claudio Panozzo
Spanien
Martin Mujica
Frankreich
Nicole Chasseloup
Luxemburg
Claude Koob
Ungarn
Erika Vign
Tschechien
Renata Novaková
Slowenien
Stanko Valpatic
Chile
Juana Soto Cabrera
Kolumbien
Rosa Osorio Diaz
Peru
Teresa Acosta
Kanada
Gabriella Szabo
USA
Kathy Duchesne
Nigeria
Emmanuel Olu
Ghana
Sylvanus Ahlijah
Kenia
Harun Ojwang
Zimbabwe
Philip Bunhu
Senegal
Jean Sadio Sabyti
Benin
Annette Abiassi
Burkina Faso
Jean Innocent Farma
Rep. dem. Kongo
Aubin Minaku


Ние сме тука: Почетна страница > Земјата на мирот - Интернационална Габриеле-фондација > Животни простори во системот со биотопи

Животни простори во системот со биотопи



Животот се враќа!

Биотопот е најмала просторна целина во гео-екологијата. Според значењето, зборот "биотоп" значи "место на живот". Во нашиот цивилизиран свет овие животни простори за растенијата и животните сè повеќе и повеќе исчезнуваат заради затворањето на површините, индустријализацијата и интензивното земјоделство. Опаѓањето на видовите незапирливо напредува, а листата на видови на кои им се заканува исчезнување постојано расте.

При тоа, не игра улога само губењето на големите површини животен простор, туку и изолираноста на поединечните биотопи. Животните се стиснати во најмал простор, па можностите за потрага по храна, за размножување и за презимување им се ограничени.

Заради тоа, со промена на Сојузниот закон за заштита на животните кон средината на 2002 година, Сојузните покраини во Германија се обврзани "да овозможат мрежа на поврзани биотопи, која ќе мора да опфати најмалку десет проценти од површините".

На Земјата на мирот, која ја создаде Интернационалната Габриеле-фондација, ова барање на Сојузниот закон за заштита на животната средина стана реалност: Настана голем распространет систем на биотопи: живи огради (меѓи), шуми, водени и камени биотопи – и животот се враќа!

 

Високите и Бенјесови живи огради


Тукушто е поставена Бенјесова жива ограда од суви гранки, за под нивната заштита да се посадат млади дрвца и грмушки, а веќе идниот ден птици седат на гранките. А не се веселат само тие на секоја нова посадена жива ограда: зајаци, ежови, јазовци, лисици, многубројни инсекти (пеперутки, бубачки, пчели) – сите тие во живите огради наоѓаат животен простор, заштита и храна. И плашливите животни, како, на пример, срните, можат покрај живите огради добро заштитени да ги преминуваат деловите од ливадите и да преминуваат од едно во друго шумско подрачје. Живите огради ги поврзуваат различните животни простори и исполнуваат важна задача во системот на биотопи.

Водени биотопи


Во последните неколку децении исчезнаа околу 70-80% од стоечките води – со фатални последици: на многу видови вилински кончиња и водоземци им се зазканува изумирање. Животните кои живеат на слобода, како срните или птиците, често мораат да минуваат долг пат за да ја згаснат својата жед. Така, водените биотопи направени на Земјата на мирот се вистински благослов за животните. Диви патки, птици, инсекти и водоземци, одново имаат место за живот – и, кој ќе седне на мирна клупа до работ на водениот биотоп во топло годишно време, ќе може да се радува на брмчењето на вилинските кончиња, на крекањето на жабите и на веселото гакање на патчињата.

Камени биотопи


Камените биотопи им служат на гуштерите и пеперутките како тераса за сончање. И малите цицачи, како што се глувците или ласиците, ги сакаат куповите камења со нивните бројни скришни места и вдлабнатини. За време на студеното годишно време животните наоѓаат засолниште од смрзнување во тие шуплини. На пример, жабите и водоземците тука направиле зимско престојувалиште. За камените биотопи на Земјата на мирот се користат камења кои се наоѓаат на тие предели: лушпест варовник.

Сукцесивни површини


Сукцесивните површини на Земјата на мирот во целост се препуштени на самите себе: никој не сее, не коси, не полева. Затоа никнуваат оние треви и повеќегодишни билки кои сакаат такви места. Со години повеќегодишни билки растат во висина – подрачјето станува грмушесто и се претвора во 'предшума'. Сосем постепено таа предшума на крајот се преобразува во шума: јавор, даб и бука се населуваат. Многу животни се веселат за сукцесивните површини: итаат неброени инсекти, птиците во тревата и во жбуновите наоѓаат многу семиња, полските зајаци имаат свој животен простор, а верверичките тука ја закопуваат својата зимница.

Шумски подрачја


Шумата е место во кое се повлекуваат многу животни, а тие се дома и во живите огради од системот на биотопи: ежови, куниќи, јазовци, зајаци, диви свињи и срни. А птиците сакаат да приредуваат концерти во крошните на дрвјата. На Земјата на мирот насекаде има поставени хранилки и куќарки за птици – па има доволно храна за сите.

Периферните делови на полињата


По должината на секоја жива ограда во системот на биотопи има дел со трева, со цвеќиња и други билки, делумно специјално посадени за да се унапреди разновидноста на инсектите. Тука минуваат многу видови диви пчели, најразлични бубачки и пеперутки. Овие животинки не само што ја зголемуваат разновидноста на видовите, туку и ги држат и штетниците на полињата под контрола. Животните кои тука лежат врз јајцата на земја, посебно им се омилени периферните делови на полињата, како, на пример, полските чучулиги. Под заштита од различните растенија: треви, цвеќиња и други, тука тие можат во мир да го подигнуваат својот подмладок.

 

Полска вегетација


Полската вегетација во близина на живите огради неколку години по садењето пораснало во млада шума, во која слободните животни можат да најдат заштита и засолниште. Овие насади на Земјата на мирот се состојат од различни дрвја и жбунови, кои, пак, се населени од многу мали и најмали посетители. Така, се садат липа, цреша, даб, габер, смрека, оскоруша, глог во комбинација со ред жбунови како заштита, и тоа: трнинка, бозел, дива роза, волчји трн, или леска. Тука можат да се видат многу верверички, а и шумски птици, како лазачки (Sittidae), диви грлици или гугутки...

Угар

Угарните површини во Мирољубивото земјоделство на Земјата на мирот се важен дел на системот биотопи. Полињата кои се наоѓаат меѓу живите огради, секоја трета година прекин остануваат угар (необработени) за да се обноват. На еден дел се сади растителна смеска од детелина, сина, фацелија, украсен грашок и грашок, за да ја подготват почвата. На овие површини, често во весели бои, летаат и се собираат безброј пчели. Пеперутките како ластовичја опашка, дамчеста и сина пеперутка играат над нив, а птиците ги бираат омилените семки.

© 2011 Интернационална Габриеле-фондација за сите култури во светот
управувана од G.S. Stiftung Verwaltungs-GmbH
E-Mail: info@gabriele-stiftung.deImpressum, заштита на податоци
Max-Braun-Str. 2, 97828 Marktheidenfeld, Германија
Tel. +49 (0) 9391-504-427, Fax +49 (0) 9391-504-430